Ковачевски: За јазикот и идентитетот не преговараме, решението треба да е гаранција дека нема да има пречки за ЕУ интеграција

Ковачевски: За јазикот и идентитетот не преговараме, решението треба да е гаранција дека нема да има пречки за ЕУ интеграција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за отпочнување на преговорите со ЕУ и тргање на бугарското вето, рече дека предлогот го даваат земјите членки на ЕУ, бидејќи ние сме земја која што сака да се зачлени во ЕУ.

“Врз основа на предлогот кој што тие го имаат, односно ќе го усогласат, бидејќи очигледно тој не е усогласен на ниво на сите земји на ЕУ, бидејќи Бугарија е земја членка на ЕУ, истиот кога ќе биде подготвен тој документ, ќе биде доставен до нас. Тогаш нормално дека ние ќе ги дадеме нашите забелешки. Јас ги кажав нашите позиции, тие се многу јасно дефинирани и во нашето Собрание до кое што се придржуваме. Нема разговори за македонскиот јазик, идентитет и решението треба да содржи севкупно решение и гаранции дека со ова веќе нема да постојат никакви други барања во однос на нашето понатамошно напредување во интеграцијата на ЕУ”, рече Ковачевски.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …