Ковачевски

Ковачевски: Започнуваме широк консултативен процес со сите страни за новиот француски предлог

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по завршувањето на 57-та владина седница се обрати од Медија центарот на Владата. Во продолжение е целото обраќање на премиерот Ковачевски.

„Би сакал и официјално да ве информирам дека денес во Владата односно во МНР е стигнат предлог од француското претседателство кое се однесува на нашите јасни позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.

Предлогот е стигнат по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите кои јавноста имаше прилика да ги издискутира минатата недела.

Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции. Ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.

Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултат. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржат од шпекулации и да се потпираат на официјалните информации од институциите.

Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе споделиме со јавноста релевантни детали по што ќе може да се донесе финалната одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакам да упатам јавна благодарност до сите кои беа конструктивно вклучени во процесот до сега”, рече Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

„Прогресивните и либерални политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот и поткопувањето …