Коѕиас: Денеска смисливме многу алтернативи, но не стигнавме до одлука

Коѕиас: Денеска смисливме многу алтернативи, но не стигнавме до одлука

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас, на денешната прес конференција по министерскиот состанок во Солун, рече дека остануваат уште 1-2 централни прашања да се решат, а со неговиот македонски колега Никола Димитров разговарале за алтернативите и варијантите за решение, но не дошле до решение, пренесува МИА.

– Мислам дека денеска смисливме многу алтернативи, не стигнавме до одлука, ќе треба да ги известиме и нашите премиери. Ако одлучиме за овие алтернативи, тогаш ќе бидат созреани условите за средби на повисоко ниво, но за тоа, секако, не одлучуваат министрите за надворешни работи, туку нивните шефови, кои кога ќе ги направиме чекорите, што се надевам дека ќе ги направиме, ќе можат да остварат контакт и самите да се договорат за нивните средби. Но, мислам дека треба до крај да се бориме за да се најде ова решение – рече Коѕијас.

Следната закажана средба меѓу Димитров и Коѕиас е на 12 мај во Атина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Температура Топломер Грип

Повеќе од 2.000 нови случаи на грип за една недела, регистрирани два смртни случаи

Во текот на третата недела од 2026 година пријавени се и два смртни случаи асоцирани …