Коѕиас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000, Грците ги кршат стереотипите

Коѕиас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000, Грците ги кршат стереотипите

Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100.000 и сега на 4.000 илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, коментирајќи ги вчерашните протести на грчките националисти кај Псарадес против потпишувањето на Спогодбата за решавање на спорот меѓуа Македонија и Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис, кој му предаде резолуција од регионалниот совет во која се изразува несогласувањето на граѓаните со договореното сложено име со географска одредница за севкупна употреба.

– Локалното население овде не треба да протестира, бидејќи ако имаат можност за развој и да имаат добивка во животот, тоа е оваа соработка меѓу државите – му порача Коѕиас на префектот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …