Крај на пандемијата по бранот на Омикрон?

Крај на пандемијата по бранот на Омикрон?

Сигнали на надеж од Светската здравствена организација: Таму сметаат дека скорешен крај на долгата пандемија на коронавирусот во Европа е „веродостоен“.

Две години по почетокот на пандемијата на коронавирусот, и среде актуелниот бран на сојот Омикрон, се зголемува надежта дека коронавирусот ќе се развие од пандемија во ендемична инфекција, која, исто како како и грипот, долгорочно и зачестено ќе се појавува ограничен регион или во делови од  населението.

„Веродостојно е“ дека Европа „се движи кон крајна фаза на пандемијата“, изјави Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) одговорен за Европа. Кога сегашниот  бран на Омикрон во Европа ќе стивне, ќе има имунитет на коронавирусот „неколку недели и месеци“, „или благодарение на вакцинацијата или затоа што луѓето имаат имунитет поради инфекција“. На тоа треба да се придодадат и сезонските ефекти, додаде Клуге, мислејќи притоа на претстојната пролет и лето.

„Период на мирување“

„Значи, очекуваме дека ќе има период на мирување пред Ковид-19 да се врати подоцна во годината“. Но, пандемијата „не мора безусловно да се врати“, изјави белгискиот доктор Клуге, сумирајќи ги неговите очекувања.

Според проценките на СЗО, 60 отсто од сите луѓе во Европа би можеле да бидат заразени со варијантата омикрон до март.  Овој сој е многу заразен, но според досегашните сознанија, по правило предизвикува  поблаг тек на болеста од претходните варијанти на коронавирусот.

И во Германија, Омикрон моментално е доминантен сој на коронавирусот, кој забрзани се шири Седумдневната инциденца на нови инфекции на 100.000 жители денеска повторно достигна рекордно ниво од 840,3, велат податоците на институтот Роберт Кох. Сепак, стапката на хоспитализација во моментов е релативно ниска.

Сепак, поради можните нови мутации, Клуге исто така јасно предупреди на претпазливост: коронавирусот САРС-КоВ-2 „нè изненади повеќе од еднаш, па мораме да бидеме многу внимателни“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …