Кралството Данска ја поддржува Македонија во процесот за интеграција во Европската унија и во НАТО

Кралството Данска ја поддржува Македонија во процесот за интеграција во Европската унија и во НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со Андрес Кристиан Хоугард, амбасадор на Кралството Данска, акредитиран за Македонија.

Амбасадорот Хоугард пренесе задоволство од Данска, како е поставена Македонија во процесите што водат кон отворање на преговорите со Европската унија и кон членство на нашата држава во НАТО.

Данскиот амбасадор посочи дека Македонија ја има поддршката од Данска во евро-атланстките интеграции. Тој констатираше дека нашата земја е важна и во регионална смисла, поради постигнатиот брз видлив напредок, после политичката криза.

Премиерот Заев се заблагодари за пријателската, принципиелна поддршка од Данска во важните моменти за Република Македонија, како што е сегашниот, кога граѓаните и државата се подготвуваат за претстојниот референдум.

-Мнозинството граѓани ја сфаќаат личната одговорност што ја имаат за иднината на своите деца и за стабилноста на државата со членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и јас очекувам успешен референдум. Мотивирани сме како граѓани и како Влада од вреднувањето на нашите реформски напори, како и од потврдените,  обновените и зацврстените пријателства со земјите од регионот и од меѓународната заедница. Очекуваме евро-атланските интеграции да донесат и економски напредок од што бенефит ќе почувствува секој граѓанин, рече премиерот Заев.

На средбата е посочено како важно решавањето на билатералните прашања низ меѓусебно почитување на државите, каков што е случајот со Македонија, којашто на таков начин ги затвори сите прашања со соседите и со тоа отвори пат кон ЕУ и НАТО.

Премиерот Заев нагласи дека по референдумот земјата уште посилно ќе се фокусира на реформите во правосудството, медиумите, администрацијата, со цел целосно да го постави државниот систем според европските вредности и правила, во интерес на граѓаните и какви што се очекувањата на земјите членки на ЕУ.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …