По повод Месецот на книгата, децата од Дневниот престој и II-5 одделение од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, под менторство на наставниците Викторија Бошкоски и Вера Чакмакоска, изработија едукативна книга насловена како „Книга за есента“. Истовремено, беше одржана и креативна работилница во која учениците цртаа, боеја, драматизираа, рецитираа, пееа, играа и преку сите овие активности го проширија своето знаење за годишното време – есен.
