Македонска Каменица

Кривична пријава против рудникот „Саса“: тешки метали и цијанид предизикале акутно труење на риби во езерото Калиманци

Во август годинава, рудникот „Саса“ испуштил тешки метали во двојно поголеми количини од дозволените, во Каменичка Река, која понатаму се влева во вештачкото езеро Калиманци

Полицијата поднесе кривична пријава против рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ и „загадување на добиточна храна и вода“.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека поднеле кривична пријава против правното лице – рудникот, но и против 57-годишниот К.Б.К. од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, кој бил одговорно лице во рудникот.

Според пријавеното, во периодот од 1 до 4 август годинава, „Саса“ испуштил тешки метали во двојно поголеми количини од дозволените, во Каменичка Река, која понатаму се влева во вештачкото езеро Калиманци.

„При процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка Река и акумулацијата Калиманци“, се вели во соопштението на МВР.

Истиот период во Каменичка Река и во езерото Калиманци, од рудникот „Саса“ бил испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото било предизвикано акутно труење на рибите.

„Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабораториско испитување на примероци вода од лабораторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите“, велат од МВР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …