Кривична пријава за тепачите од Вардариште, Шилегов очекува полицијата да почне да си ја врши работата

Кривична пријава за тепачите од Вардариште, Шилегов очекува полицијата да почне да си ја врши работата

„Згрозен сум од Наќе Чулев. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите што би ни обезбедиле нормално функционирање придонесува за анархија чијшто резултат е она што вчера се случи со двајцата инспектори, од кои едниот е во тешка здравствена состојба“, изјави денеска Петре Шилегов градоначалник на Скопје, прашан да го искоментира тоа што инспекторите на Град Скопје континуирано имаат проблем да обезбедат полициска асистенција кога се обидуваат да утврдат кој и како фрла отпад на недозволени места.

Во врска со вчерашниот напад на двајца комунални редари на некогашната депонија Вардариште, Шилегов истакна дека Градот го пријавил случајот во полициската станица во Гази Баба, поднесена е кривична пријава, а напаѓачите од Вардариште се евидентирани и тој очекува дека полицијата ќе почне да си ја работи работата.

На прашањето, пак, како во иднина градските инспектори ќе си ги извршуваат своите обврски на вакви локации, каде постои голема опасност да бидат физички напаѓани од лица фатени во криминални дејства кога полицијата не им ја дава соодветната заштита, Шилегов со одговор дека инспекциските служби нема да застанат со работа бидејќи „пред почетокот на епидемијата тоа беше најдобрата служба на Градот, со која се обидуваме да ставиме ред во Скопје“.

Според Шилегов, очигледна е намерата со непомагањето на нашите инспекциски надзори од страна на полицијата, да се опструира работата на инспекторите, а со тоа и на Градоначалникот, „но кому му е потребна власт ако тоа чини човечки живот“, додаде скопскиот градоначалник.

И додека скопскиот градски редар, кој беше вчера поврден во инцидент на депонијата Вардариште сè уште се наоѓа во болница каде му се санираат повредите, од Министерството за внатрешни работи денес нема нови информации во врска со случајот. Оттаму информираат дека се работи на негово расветлување.

Во вчерашното соопштение од МВР се наведува дека На 11.05.2020 околу 11,45 часот на ул.Перо Наков било пријавено нарушување на јавен ред и мир во кое четири лица со комбе со скопски регистарски ознаки  истоварале шут, ги нападнале лицата В.Т (1970)  и М. Ѓ (1982) вработени како комунални инспектори во Град Скопје, кои ги затекнале додека го истоварале шутот од комбето.

Инспекторатот на Град Скопје континуирано го инспектира просторот на некогашната депонија Вардариште каде честопати нелегално се депонира или се пали разновиден отпад, но за инспекциските надзори на оваа и на повеќе други слични локации, каде има диви собирачи на отпад, според зборовите на првиот човек на Градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски, речиси никогаш не добивааат полициска асистенција иако постојано ја бараат. Пред неколку месеци, за малку бил избегнат сличен инцидент, во кој четириесетина диви собирачи на отпад им се нафрлиле наа градските инспектори.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …