МВР

Кривична за двајца: Прогласиле живи луѓе за мртви заради имотна корист од над 444.000 евра

Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал соопшти дека денес поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Т.Х.(43) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 од Кривичниот законик и В.Т.(55) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „потикнување“ по чл. 23 став 1 од Кривичниот законик.

Според полициските сознанија првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице-матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т. ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што постапил спротивно на процедурата за пријавување на починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.

Тој без да ги обезбеди потребните документи ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако истата е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени. На тој начин В.Т. на незаконски начин повела оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …