Крушево: Бројот на ноќевања во 2018 година зголемен за 67 отсто

Крушево: Бројот на ноќевања во 2018 година зголемен за 67 отсто

Според веб порталот https://www.travel-advisor.eu/koja-europska-ima-najveci-rast-u-turizmu/?fbclid=IwAR2E4JlsSpld8J2wgXOK9MwibxtoXjhJRPXYoo2tz-Cs7tzuo7lXMPM83PI., Република Северна Македонија е една од државите во Европа со најголем раст во бројот на ноќевања на туристи, а Крушево заедно со Скопје, Охрид и Битола, се предводници на тој раст.

Во 2018 година, општина Крушево забележала раст од 67 отсто во бројот на ноќевања, што покажува дека интересот за Крушево како дестинација, станува се’ поголем.

Општина Крушево во моментов реализира неколку проекти кои имаат за цел да го унапредат Крушево како дестинација за авантуристичк туризам, но и да ја продолжат туристичката сезона во градот и општината. Реконструкцијата на спортската сала е во тек, а во текот на минатата недела Крушево доби мини бус за превоз на параглајдеристи кои се активности од проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“. Исто така, Општина Крушево изработува промотивни брошури, веб страница и апликација и промотивно видео, а посети и дел од меѓународните саеми во соседните држави.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски порачува дека заложбата на Општината веќе дава резултат, а туризмот е во фокусот на работата.

„Нашата цел е Крушево да стане дестинација за авантуристички туризам и дестинација која е масовно посетувана во текот на цела година. И покрај огромниот број на проекти кои се реализираат во моментов, меѓу кои се изградбата на резервоар за вода во с. Борино, цевковод во с. Саждево, реконструкција на горна училишна зграда, реконструкција на улици и друго, сепак туризмот е во нашиот фокус. Ќе продолжиме да работиме во таа насока, затоа што Крушево веќе е препознатлива дестинација на Балканот и Европа“, изјави градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …