Крушево: Дебата на тема „Придобивки од развојот на еко-туризмот“

Крушево: Дебата на тема „Придобивки од развојот на еко-туризмот“

Во хотел Монтана Палас во Крушево, денеска се одржа јавна трибина на тема „Придобивки од развојот на еко-туризмот“ на која со угостители, туристички работници и граѓани, дебатираа претседателката на политичката партија ДОМ, Маја Морачанин, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, државниот секретар во Министерство за животна средина, Ана Петровска, Кристина Пејчиновска од локалниот параглајдинг клуб и Сотир Габелоски од Општина Крушево.

На трибината се зборуваше за можностите за развој на еко туризмот и како тој влијае на локалниот развој и за плановите на Министерството за животна средина во справување со отпадот. Претставникот од параглајдинг клубот посочи на главните проблеми со кои се соочуваат во организацијата на натпреварите, а претставникот од локалната самоуправа се осврна на проектите на кои работи локалната самоуправа и начинот на решавање на клучните проблеми.

По излагањето на говорниците следеа дискусии и прашања од страна на гостите.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …