Утре, среда 29 јуни, во Спомен куќата „Тодор Проески“, во чест на Тоше и неговиот прв концерт, ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ на кој млади музички таленти ќе интерпретираат негови песни.
„29-ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на Градскиот стадион во Скопје кој сега е именуван по него. Талентитани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија“, велат организаторите.
Настанот се одржи со почеток во 19:30 часот, а како организатор се јавува Play Without Boundaires со поддршка на Спомен куќата.