Крушево има голем потенцијал за рурален развој - прв национален рурален парламент во Крушево
dav

Крушево има голем потенцијал за рурален развој – прв национален рурален парламент во Крушево

На Првиот национален рурален парламент кој во четврокот се одржа во Крушево во хотелот „Монтана Палас“, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се осврна на потенцијалите за рурален развој на општината, а дебатираше и со претставници на повеќе здруженија и организации.

„Во 21 век нашите населени места се соочуваат со нерамномерен развој и со проблеми од основен карактер за опстанокот за граѓаните. Ја затекнавме општината со ниту еден изработен проект, а денес имаме 30 готови проекти кои во најголем дел ги засегаат населените места“, изјави градоначалникот Христоски.

Христоски порача дека населените места имаат обработливи површини, нивната местоположба е во непосредна близина на индустриската зона и имаат пристап до неколку општини. Сето ова, истакна Христоски, претставува потенцијал на руралниот развој.

На руралниот парламент присуствуваа претставници од здруженија, владини институции и граѓани, а најголемиот дел од нив имаа прилика да дебатираат со градоначалникот Христоски и да отворат некои голем број прашања.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …