Крушево: Инфраструктурно и хортикултурно уредување на улицата „Тодор Проески“

Крушево: Инфраструктурно и хортикултурно уредување на улицата „Тодор Проески“

Со засадување на дрвца, се спроведе првата фаза од уредување на дел од улицата „Тодор Проески“ во центарот на Крушево. Членките на здруженијата од Платформата за развој на туризмот ќе продолжaт со засадување на цвеќиња, а истовремено Општина Крушево започна со инсталација на систем за озвучување од кој 24 часа ќе се слушаат песните на Тоше Проески.

„Оваа улица која се наоѓа во центарот на Крушево, сакаме да ја разубавиме и хортикултурно да ја уредиме, во исто време да биде атрактивна и за посетителите на нашиот град. Сакам да им се заблагодарам на сите волонтери, а особено на членките на здруженијата Центар за хумани односи, Крушевска жена и Здружение за туризам и угостителство, за нивниот придонес во уредувањето на улицата“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …