Крушево ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Општина Крушево спроведува постапка за справување со кучињата скитници, со цел нивно хумано третирање и безбедност за граѓаните и туристите.

Локалната самоуправа спроведува тендер за набавка на услуга за заловување на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територија на општина Крушево и нивен хуман третман.

Според градоначалникот Томе Христоски, со ова ќе се обезбеди побезбедно движење за граѓаните и туристите, но и спречување на труење на кучињата.

„Ја спроведуваме оваа постапка за да обезбедиме побезбедна средина за нашите граѓани и туристите, но и да го спречиме труењето на животните. Целосната постапка е во тек и очекуваме за брзо време да се започне со работа на терен“, изјави Христоски,.

Прочитајте повеќе

Ковачевски нема да има средба со Лавров

Премиерот Ковачевски истакна дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија на …