Крушево ќе добие „Ин аут“ кино

Крушево ќе добие „Ин аут“ кино

На денешната 10-та седница на Советот на општина Крушево, беше донесена одлука за кофинансирање на проектот за оспособување на „Ин аут“ (In Out) кино во СОУ „Наум Наумовски-Борче“.

Иницијативата за оспособување на едно вакво кино доаѓа од СОУ „Наум Наумовски-Борче“, неформална група на млади од Крушево и организацијата Младински Сојуз – Крушево, а се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“. Амбасадата на Кралството Холандија во проектот ќе партиципира со 2.000 евра, а Општина Крушево е 1.000 евра.

„Ги слушаме барањата на младите. Драго ми е што покажуваат креативност и сакаат да го подобрат своето секојдневие со повеќе содржини и неформално образование. Советот ќе ја кофинансира реализацијата на оваа иницијатива. Благодарност до советниците за искажаната поддршка“, изјави претседателот на Советот на општина Крушево, Андреј Николоски.

Иницијативата за оспособување на кино е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, имплементиран од Граѓанската асоцијација за унапредување на развојните процеси „Про Локал“, во партнерство со Општина Крушево и финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …