Крушево: „Комуна“ ги испитува гравитационите извори, состојбите ќе покажат дали има загуби на вода

Од пред две недели, ЈП „Комуна“ и Општина Крушево започнаа со испитување на гравитационите извори. Процесот опфаќа проверка на состојбата на гравитационите извори, од кои градот се снабдува со вода, детектирање на евентуални загуби на вода и нефункционалност во снабдувањето со вода по овој пат.

Гравитационите извори кои „Комуна“ ги има зафатено се наоѓаат на тешко пристапен терен, во Бушева планина каде нив ги има во голем број. Заради овие причини за очекување е дека процесот ќе трае.

Вработени во јавното претпријатие и во Општина Крушево речиси секојдневно се на терен и работат на испитување на ваквите околности од водоснабдувањето.

Оваа активност се спроведува во насока на подобрување на водоснабдувањето на Крушево, особено во летните месеци и во сушни периоди. Испитувањето на состојбата на изворите е највисок приоритет на ЈП „Комуна“ во процесот на справување со повремените проблеми во водоснабдување и недостаток од вода за пиење.

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …