Во среда, 5-ти октомври со почеток во 19 часот, на платото пред Спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе се одржи голем музички настан, со кој ќе се одбележи 15-годишнината од последниот концерт на Тоше на Градскиот стадион во Скопје.
Во придружба на бендот на Тоше и битолскиот камерен оркестар, неговите безвременски хитови ќе ги пејат Јелена Томашевиќ, Кристина Арнаудова, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски и други музички имиња Македонија и поширокиот регион.