Крушево: Манифестација по повод Денот на Власите
edh

Крушево: Манифестација по повод Денот на Власите

Денеска во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, се одржа манифестацијата за одбележување на Денот на Власите 23. мај.

По повод празникот, ученици од ООУ „Никола Карев“ Крушево подготвија програма со влашко оро, песни и рецитации на влашки песни, кратки драмски претстави и слично. На почетокот на настанот се обрати претседателот на Советот на општина Крушево, Тома Петроски кој рече дека 23 мај е важен ден не само за влашката заедница, туку и за сите останати кои живеаат во општина Крушево.

„Утрешниот ден има посебно значење, не само за припадниците на влашката заедница, туку и за сите останати националности како симбол на соживот и заедничкото живеење во нашата држава. Ние, како крушевчани треба да бидеме посебно горди на овој ден, бидејќи споменувањето на Крушево претставува синоним за влашката култура, традиција и обичаи“, рече Петроски.

И директорката на „Никола Карев“, Оливера Чавкароска ја истакна важноста на овој ден за соживотот и меѓусебната толеранција, потенцирајќи дека нивното училиште учествуваат во многу проекти за меѓуетничка интеграција.

„Училиштето опфаќа ученици од повеќе националности и сме редок пример како Македонци, Албанци, Власи и други функционираат заедничи, сложно со демонстрација на високо на толеранција. Активно учествуваме во Проектот за меѓуетничка интеграција на Министерството за образование, а културните манифестации ги опфаќаат сите наставни јазици. Сето ова е со една цел – да ги научиме нашите ученици, вашите деца на разбирање, толеранција и запознавање на различниот од нас“, истакна Чавкароска.

Празникот на присутните им го честита и професорот по влашки јазик, Ставре Шоке.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …