edh

Крушево: Од денес голема акција за чистење во градот

Од денеска, во Крушево ќе започне голема акција за чистење на градот, која опфаќа собирање на отпад, косење трева и одделно собирање на отпад од пластика.

Активностите започнуваат од централното градско подрачје, а од утре ќе се покријат областите околу основното училиште, улицата која води до галеријата „Никола Мартиноски“, споменикот на Тоше Проески и дел од улицата именувана по неговото име и хотелската зона.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски уште вчера ја најави оваа голема акција и потсети дека на 7 јуни заедно со Францускиот институт од Скопје, Амбасадата на Швајцарија, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“, ќе се спроведе акција за чистење од пластика.

Директорот на ЈП „Комуна“, Наум Илиески потенцираше дека покрај акцијата за чистење во градот, деновиве продолжуваат активностите во населените места Пресил и Норово, каде ќе бидат поставени одводни цевки и бехатон плочки.

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …