Месец октомври ќе биде период на вистинска градежна офанзива во општина Крушево, која ќе опфати неколку клучни проекти од интерес на граѓаните.
Еден од проектите на чија реализација се чека години наназад, е комплетната реконструкција на вечното почивалиште на Тоше Проески. Тендерската постапка и изборот на изведувач се во завршна фаза и за скоро време се очекува потпишување на договорот и почнување на градежните работи.
Ќе се асфалтира и патот кон Крушевско езеро, проект на чија реализација веќе се работи. Тука спаѓаат целосното уредување на просторот околу спортскиот комплекс на „Гумење“ и викенд зоната на Крушевско езеро.
Во тек е тендерската постапка за првата фаза од изградбата на канализација во с.Норово, која овој месец ќе биде комплетирана после што се очекува почеток на работата на терен.
Исто така, во октомври ќе асфалтира и патот до с.Саждево во должина ос 2.3 километри, како и реконструкцијата на патот Борино – Житоше, општина Долнени.