Крушево: Потпишан договор за изградба на патот до Крушевското езеро

Крушево: Потпишан договор за изградба на патот до Крушевското езеро

Денеска градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски во Владата на Република Северна Македонија го потпиша договорот за изградба на пат од спортскиот комплекс до Крушевско езеро, како и изработка на урбанистички планови за населените места.

„Реализацијата на проектите ќе обезбедат подобра патна инфраструктура за младите и за туристичките атракции во делот на комплексот Крушевско езеро, а со изработка на урбанистички планови на селата ќе се обезбеди полесно градење, издавање на одобренија за градба и регулирање на сите дивоградби, но и идни проекти на општина Крушево“, порача градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот со Агенцијата за финансиска поддршка во земјдоелството и руралниот развој и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Реализацијата на двата проекта е во рамки на Програмата за рурален развој, а целосната имплементација ќе чини околу 20 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Сиљановска-Давкова во посета на Софија

Сиљановска-Давкова во посета на Софија

Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде во посета на Софија, каде ќе …