Крушево: Препораки и задолженија од седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување

Крушево: Препораки и задолженија од седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување

Денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Крушево, на кој беа донесени неколку заклучоци, препораки и задолженија на локалните институции по однос на справувањето со кризата со коронавирусот:

  1. Во пазарните денови, односно понеделник и четврток нормално ќе функционира пазарот, со препорака да не се создаваат поголеми собири на граѓаните и да нема задржување подолго време.
  2. Градоначалникот на општина Крушево ги откажува отворените денови за прием на странки во кабинетот се’ додека трае ваквата состојба, додека за итни потреби граѓаните можат да ја контактираат локалната самоуправа и градоначалникот на следните телефонски броеви: 048/ 477 061 и 048/477 046
  3. Се објавуваат телефонски броеви за помош на стари изнемоштени лица, кои не можат да излегуваат од своите домови, а им е потребна помош: 048/477 061 и 048/477 046, кои функционираат до 16 часот и ТППЕ Крушево 048/ 476 493 и 193 кои функционираат во текот на цело деноноќие
  4. Народната кујна во општина Крушево ќе доставува сува храна три пати во неделата на лицата кои ја користат оваа услуга.
  5. Здравствениот дом во Крушево информира дека се откажуваат специјалистички прегледи закажани во овој период. За сите други прегледи кои не се итни, граѓаните да се јавуваат во Заводот за јавно здравје во Прилеп на следниот телефонски број: 076/475 747
  6. ОВР Крушево ќе ја врши работата нормално со засилени мерки за сузбивање на поголеми групи на граѓани.
  7. Се задолжуваат сите институции кои спаѓаат под локалната самоуправа да извршат дезинфекција во седиштата на сите институции и училиштата пред почетокот на наставата. Локалната самоуправа да асистира во извршувањето на оваа обврска.
  8. Локалната самоуправа ќе асистира во набавка на средства за дезинфекција и на другите органи на општината.
  9. Се задолжуваат основните училишта и средното општинско училиште на територијата на општина Крушево, да изнајдат алтернативни начини за изведување на настава преку електронско учење додека трае забраната.
  10. Се задолжуваат превозниците секојдневно да ги дезинфицираат превозните средства на територијата на општина Крушево.
  11. Секој граѓанин да се грижи за своите животни и да се одржува нивна хигиена.
  12. Општинскиот штаб за заштита и спасување упатува апел до граѓаните на општина Крушево, да се почитуваат препораките од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.
  13. Се задолжува Одделението за администрирање на приходи во Општина Крушево да изврши комуникација со сите приватни сместувачки капацитети и да им укаже за препораките за прекин на услуги кон потенцијални туристи во овој период и им се препорачува да го следат примерот на хотелите.
  14. Апел да се избегнуваат собири на граѓани во продавниците во околните села во општина Крушево.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …