За дополнително подобрување на услугите кон граѓаните, Општина Крушево отвори специјално поле на општинскиот веб сајт krusevo.gov.mk под наслов „Пријави проблем“, преку кое секој граѓанин ќе може во писмена форма и анонимно да пријавува проблеми од повеќе области.
Полето се наоѓа веднаш под Календарот на настани на интернет страница и со самиот клик автоматски се пренасочувате кон посебна форма преку која се опишува и испраќа проблемот. Проблемите можат да бидат од областа на работата на локалната самоуправа и сите институции под локална надлежност и се’ она што е во интерес на Општината и граѓаните.