Крушево се гради одново

Крушево се гради одново

Пишува: Сотир Габелоски

Обраќајќи се до своите соработници и сограѓани, на почетокот на тековната година, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, го кажа следново: „На пролет очекувајте градежна експанзија“.

Можеби оваа реченица звучеше малку ефуорично, со оглед на скорешното минато во кое ретки беа случаите кога нешто се придвижуваше во градот, а уште помалку пак во населените места. Но од месец април започна да се реконструира првата улица во општината и заклучно со денеска, јавното претпријатие „Комуна“ веќе работи на деветтата улица. Се реконструираат улици кои никогаш не виделе бекатон плочки или асфалт, туку и во 21. век личат на улички од приказните на Ѓорѓи Колозов. Девет улици за прв пат ќе станат пристоен пат за движење и користење, а директорот на јавното претпријатие, Наум Илиески најавува дека реконструкцијата на улици ќе продолжи до доцна есен, како и во наредната 2019 година.

Сепак, во една модерна или барем средно развиена држава, ваквата реконструкција ниту би претставувала вест, ниту би требало да се споменува. Но, Македонија е ниско развиена држава која била раководена од локални и државни лидери без волја за придонес, а рурални и мали средини како Крушево, биле оставени да се соочуваат со најосновните проблеми. Заради сето тоа, ниту еден претходен градоначалник, ниту еден директор на „Комуна“, не може да се пофали со градежни активности од ваков обем.

Она што е најново и што се случува во меѓувреме, е сериозното придвижување на работите во населените места од општина Крушево. Со децении ветуваниот резервоар за вода за пиење во село Борино, конечно ќе се гради во соработка помеѓу Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски. Јавниот повик е веќе објавен и само прашање на време почетокот на неговата изградба.

Со овој тендер се отпочнува процесот на “градежна експанзија“ во населените места, каде што изостануваат неопходни услови за живот: канализации, водоводи, патишта, водоснабдување и друго. И повторно ќе речам, во некои други времиња и услови, овие работи воопшто и не би се споменувале.

Да се изгради Крушево повторно и одново ќе биде тешко, но освен волјата, сега ги имаме и преземените мерки кои се видливи на терен.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …