Крушево: Средба на градоначалникот Христоски со директорите на училиштата и претставници на Францускиот институт

Крушево: Средба на градоначалникот Христоски со директорите на училиштата и претставници на Францускиот институт

Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски се одржа средба со директорите на основното и средното училиште Оливера Чавкароска и Снежана Миленкоска, како и Емануел Рембер, Љупка Димова и Бранко Чобанов од Францускиот институт во Скопје.

На средбата беше договорено да се преземат неколку заеднички активности кои ќе ја продлабочат соработката на Крушево со Францускиот институт во Скопје.

На 7-ми јуни, Општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, ЈП „Комуна“ во соработка со Институтот, МАНУ, „Гоу Грин“ и амбасадата на Швајцарија, ќе организираат голема акција за чистење од пластика на три пункта во општина Крушево, меѓу кои спаѓа и слетиштето за параглајдеристи меѓу Врбоец и Св. Митрани. Тоа ќе претставува илустрација за посветеноста на Општина Крушево и нејзините партнери во подобрување на условите за развој на туризмот во Крушево.

Дополнително, во соработка со основното и средното училиште ќе се работи на запознавање и промоција на францускиот јазик во Крушево, преку натпревар за најдобри литературни творби со вклученост на учениците од двете училишта. Натпреварот за литературните творби, односно содржината на творбите, покрај промоцијата и употребата на францускиот јазик, ќе ја опфати темата на јавна хигиена со цел подигање на свеста за важноста од здрава и чиста животна средина.

Исто така, ќе бидат потпишани и неколку меморандуми, кои ќе бидат основа за продлабочување на понатамошната соработка во повеќе области.

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …