Минатата недела, Центарот за развој на Пелагониски регион го објави тендерот за набавка и монтажа на нова вештачка трева на полетувалиштето на Мечкин Камен.
Со оваа набавка, полетувалиштето ќе опфаќа поголема површина, односно со вештачката трева ќе биде покриен простор од 2.042 метри квадратни. На тој начин, за повеќе од двапати ќе биде зголемена површината на постојното полетувалиште, чија моментална големина е нешто помалку од 1.000 метри квадратни. Со тоа ќе се зголеми безбедноста на параглајдеристите, а новата вештачка трева и уреденото полетувалиште ќе овозможат одржување на поголеми меѓународни параглајдинг натпревари и натпревари во змејарство.
Претходно, Владата на Општина Крушево и’ додели 4 милиони денари за изградба на објект на самото полетувалиште.