Крушево: Во тек е реализација на проекти вредни над половина милион евра

На територија на општина Крушево во моментов се одвива реализација на неколку градежни и инфраструктурни зафати, со вкупна вредност од над половина милион евра.

Станува збор за реконструкција на спортската сала, на горната училишна зграда, поставување на сувенирници и информативни табли во рамки на Проектот за развој на авантуристички туризам. Исто така, во тек е изградбата на резервоарот за вода за пиење во с. Борино, тампонирање на патеки до земјоделски површини во населените места и реконструкција на улица во с. Св. Митрани. Кога вредноста на овие тековни активности ќе се собере, се добива сума од 34.773.934 денари, односно околу 564.000 евра.

Дополнително, во тек се повеќе тендерски постапки за реализација на проекти во градот и населените места, кои за скоро ќе резултираат со активности на терен.

За градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски реализацијата на проектите е резултат на макотрпната работа и одговарање на потребите на граѓаните.

„Општина Крушево има добиено многу средства кои се бројат во неколку милиони евра и дел од тоа е видливо на терен, преку тековни и веќе реализирани проекти. Изработивме многу проекти, а во иднина ќе ги има се’ повеќе, со што одговараме на реалните потреби на граѓаните и се трудиме да ги решиме нивните проблеми“, вели Христоски.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …