Крушево: Заштеда од над 2 милиони денари за уличното осветлување

Крушево: Заштеда од над 2 милиони денари за уличното осветлување

Во изминатата 2020 година, Општина Крушево заштеди над 2 милиони денари за улично осветлување. Истовремено, во споредба со лани, осветлувањето е значително подобрено со поставување повеќе сијалични места, како и со промена на уличните сијалици

Заштедата од 2.363.863 денари доаѓа по поставувањето на нови, поекономични сијалици. На територија на општина Крушево во изминатите 3 години се поставени нови линии на осветлување, особено во населените места каде што претходно немало улично осветлување.

„Во изминатите 3 години го реконструиравме уличното осветлување. Во центарот на Крушево, хотелската зона, ‘Гумење’ и други локации, поставивме лед сијалици и со тоа придонесовме за заштеда на електрична енергија. Исто така, на барање на локалното население, во населените места поставивме и нови линии на осветлување. На тој начин, и покрај зголемениот број на сијалични места, добивме поквалитетна услуга, а истовремено и заштеда од над 2 милиони денари помалку“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Расте бројот на измамени граѓани кои платиле на лажни полицајци кои им понудиле „помош“ да …