Крушево: Заштитни визири за здравствените работници

Општина Крушево започна со донација на заштитни визири кои ги изработија неколку волонтери и ентузијасти од Крушево.

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Томе Христоски и директорот на крушевскиот Фонд за здравство, Нико Петроски, донираа 300 визири.

„Денеска започнавме со донирање на околу 300 заштитни визири, за чија изработка помогнаа млади ентузијасти и волонтери. Визирите ги изработивме за потребите на сите здравствени установи во нашата општина: ЈЗУ Здравствен дом, Итната медицинска помош, лабораторија, сите приватни ординации, како и за полицијата и ТППЕ Крушево. Здравствениот дом дополнително ќе добие и скафандери за прифаќање итни случаеви со симптоми на вирус“, изјави градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски од Министерскиот совет на ОБСЕ: Северна Македонија е за инклузивен и отворен дијалог, заснован на принципите на мултилатерализмот

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска се обрати и го отвори 30-от Министерски совет на …