Крвав напад врз затвор во Мексико

Крвав напад врз затвор во Мексико

Целта им била ослободување на затвореници: вооружени криминалци на Нова година нападнаа затворска установа во близина на границата со САД – со драматични последици.

Десетици затвореници побегнаа од затворот на северот на Мексико по вооружениот напад на група припадници на, како што се верува, еден нарко-картел врз оваа установа во пограничниот град Суидад Хуарез.

Напаѓачите пукале кон чуварите на државниот затвор Чиуауа од оклопни вооружени возила по 7 часот утрината, соопштија официјалните лица.

Десет напаѓачи се убиени, но и четворица затвореници, а 24 побегнале од затворот, соопшти полицијата.

За време на нападот дошло до тепачка во затворот каде што се сместени осудени припадници на различни нарко-картели и криминални банди. Повредени се 13 затвореници, од кои 4 се во болница.

Пред затворот се собраа роднините и пријателите во исчекување на нови информации. Една жена рече оти напаѓачите биле облечени во црно и биле подобро вооружени од полицијата. Пукале на секое возило кое поминувало, додаде таа. Затворските власти ги повикаа војската и националната гарда на помош.

Недалеку од затворот: Обезбедената граница меѓу Мексико и САД
Недалеку од затворот: Обезбедената граница меѓу Мексико и САД

Суидад Хуарез со години е средиште на насилство и на конфликти меѓу дватата сопернички картели – Синалоа и Хуарез. Се проценува дека се убени илјадници луѓе во овие конфликти за време на изминатата деценија.

Во овој затвор изби побуна во август 2022 година кога, исто така, поголем број затвореници побегнаа и насилството се пренесе на улиците во градот. Беа убиен 11 луѓе.

Двата инцидента укажуваат на моќта и на влијанието кои ги имаат картелите на затворскиот систем во Мексико. Обвинителите во овој град од другата страна на американската граница, најавија подетална истрага за нападот.

Само неколку минути пред да побегнат затворениците, вооружени напаѓачи пукале на полицијата во блиската улица. Следела потера и полицијата привела 4 лица.

Во другиот дел од градот, уште двајца возачи се убиени во вооружен напад, соопшти полицијата.  Властите сѐ уште не известија дали се овие напади поврзани.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Израелскиот премиер Нетанјаху, пак, во видео порака рече дека Израел ќе победи со или без …