„Крвавиот четврток“, три години подоцна: Сашо Тасевски, херојот кој спречи ликвидација на пратеници и новинари

„Крвавиот четврток“, три години подоцна: Сашо Тасевски, херојот кој спречи ликвидација на пратеници и новинари

Насилство по цена на убиство со еден производ – предизвикување меѓуетнички тензии како иницијална каписла за граѓанска војна. Дестабилизација на државата и крах на безбедносниот систем. Лицата кои беа обвинети, сега се веќе правосилно осудени за КД по Чл. 313 од КЗ „Терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста”.

Бевме сведоци на државен удар и обид за ликвидација, а тоа претставуваше врв на дисфункционалноста на институциите кои беа заробени во служба на ВМРО-ДПМНЕ.

Лица со качулки, маски, дел од нив наоружани, со изрази на лицата жедни за крв и жртва. Чисто зло.

Стана јасно дека ситуацијата не само што ќе ескалира, туку се појави сериозен страв, дали луѓето што се внатре ќе излезат живи? Толпата гаѓаше со се’ што ќе им дојде при рака. Столици, шипки, стативи и сталаци од камери, боксирачи. Јасно и концизно извикуваа и се закануваа дека се дојдени за да убијат, да ги убијат сите внатре.  Сите беа сериозно загрижени дека ќе има жртви. Сите со расекотини на главите, скршени носеви, изместени вилици, скршени глави, потопени во крв.

Во даден момент, како најсветла точка во целиот тој хаос, се слушна како некој извика „ПОЛИЦИЈА!”. И така неколку пати. Сашо Тасевски, со пиштолот во воздух, за да ја одбие толпата од пратениците и новинарите, да не дојде до жртви.

Сашо Тасевски, човекот кој со својата професионалност, храброст, пожртвуваност и присебност, успеа да го заштити животот на пратениците и новинарите во Собранието за време на „Крвавиот четврток“!

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …