Крводарителска акција во Крушево

Крводарителска акција во Крушево

Во понеделник 27 април, од 9-14 часот, во пензионерскиот дом во Крушево ќе се одржи крводарителска акција.

Ова е дел од крводарителските акции кои се одржуваат во помалите општини, а Општинската организација на Црвен Крст – Крушево, бара од сите заинтересирани да се пријават за дарување крв за да се организира распоред на сите дарувачи.

Акцијата се води под мотото: „Караван на хуманоста“.

Во објавата на Општинската организација на Црвен крст – Крушево стои:

„Ковид-19 инфекција не може да се добие со крводарување !

Доброволното дарување на крв продолжува да се спроведува, бидејќи крвта и крвните продукти се постојана потреба за пациентите. Крводарувањето е континуирано и безбедно, но мора да се земе во предвид дека се очекува намален број на крводарители, поради влијанието на јавно здравствените мерки кои се преземаат во врска со пандемијата. Сите кои се здрави, можат и сакаат да даруваат крв, не треба да го одложат крводарувањето бидејќи се воведени дополнителни мерки за безбедност на дарителите и безбедна крв за пациентите. Медицинскиот персонал е дополнително обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки. Воведен е систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите.

Крводарителската акција ќе се одржи во понеделник, 27.04.2020 година, од 9 до 14 часот во пензионерскиот дом во Крушево. Ги молиме сите заинтересирани крводарители да се јават на 071/379-920, или да пратат порака на фб профилот на Клуб на млади на ОО ЦК Крушево, со цел да ги распоредиме во соодветен временски период.

ДАРИТЕЛИ НА КРВ, ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ДАРУВАТЕ КРВ ДОКОЛКУ:

-во последните 28 дена сте патувале надвор од државата

-имате симптоми на настинка, кашлате и кивате

-имате покачена телесна температура

-сте биле во контакт со болен чии симптоми личат на инфекција со корона вирус“.

Подетални информации за акцијата која се спроведува во повеќе општини на линкот:

https://www.facebook.com/bloodbankTENK/

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …