Култниот „Бастион“ на Џајковски, Костовска и Манчевски дел од репортажа на Гардијан за екс-ју поп музиката

Култниот „Бастион“ на Џајковски, Костовска и Манчевски дел од репортажа на Гардијан за екс-ју поп музиката

Во меѓувреме, во Скопје, Македонија, уште една од неколкуте 808-ки во Југославија беше во сопственост на Кирил Џајковски, кој го формираше Бастион со пејачката Ана Костовска, текстописецот Милчо Манчевски и Љубомир Стојсављевиќ на бас. Групата преживеа едвај некое време, но нивното влијание беше силно почувствувано: Флора Питроло, која повторно го издаде LP-то на Бастион од 1984 година со нејзиниот печат од ACC Records во 2018 година, изданието го нарече „брз скапоцен камен на еклектичен, експертски синтетичен бран – жанровски љубопитен, но втемелен во овој светол, гламурозен поп сензибилитет“, објави британски Гардијан во опширен текст посветен на поп музиката од поранешна Југославија.

Облечени во светкави кошули, со панталони ѕвонарки, вечерните танчари беа позната глетка во главните градови на светот околу 1970-тите години. Но, во бруталниот Нов Белград, тоа беше сосема ново искуство: во подрумот на една спортска сала се роди првата дискотека во социјалистичка Југославија, пишува угледниот британски весник.

Земјата повеќе не постои, откако се распадна на делови по војната во 1990-тите. Но, пред да се појават економските и етничките огради од порано направените грешки, и кога поминаа добрите времиња, земјата ја помеша границата меѓу истокот и западот – успешен социјалистички експеримент, некое време, со отворено општество и живописен културен живот. Југословенската дискотека, пост-панк и електронската музика напредуваа во 1970-тите и 1980-тите години – но сепак беа заборавени, сè до неодамнешните напори на хоби-архиварите и специјализираните издавачки куќи.

Оние на кои таа музика и тие времиња им се опсесија, се собраа во овој заборавен „агол“ на попот, реиздавајќи го, како што е компилацијата Light in the Attic’s Pop Not Pop, или објавувајќи ја на YouTube, каде каналите преполни со „Југо“ звуци добиваат стотици илјади прегледи. Оваа музика дури стигна до Кендрик Ламар, кога продуцентот за песната „Дакворт“ ја искористи песната „Остави траг“ од 1976 година на југословенската супер група „Септембер“.

Сè почна во таа спортска сала во Нов Белград. Промоторот и диџеј Бобан Петровиќ го отвори клубот во 1967 година за да обезбеди место за дружење и свирка нарекувајќи го „Братство и единство“ – како што беше и мотото на балканските држави предводени од маршалот Тито, антифашистичкиот партизан кој беше претседател на земјата од 1953 година до неговата смрт во 1980 година – и беше еден од првите што донесе фанк, буги и диско за народните маси во земјата.

Петровиќ работеше напорно за да создаде удобна средина. „Тоа не беше само место за танцување – тоа создаде вкус за музика и мода“, вели тој. „Се обидував да ја копирам атмосферата од моите и роденденските забави на моите пријатели – дури и се одлучив за мебел сличен на мојата дневна соба“, вели Петровиќ.

Како дете, Петровиќ низ прозорецот на неговиот стан ги свиреше тонските записи на Елвис и Глен Милер увезени од неговите родители. „На овој начин, јас веројатно бев првиот диџеј во таа област“, вели тој со одредена лутина, бидејќи беше претендент за фудбалер на 18 годишна возраст кога и беше на чекор да потпише со Црвена Ѕвезда Белград, но поради повреда на коленото кариерата му заврши пребрзо.

Повредата повторно го врати на музиката по што формираше диско-поп бенд кој го нарече „Здраво“, во кој пееше и свиреше клавијатури. Петровиќ, исто така, уживаше локална репутација како соло изведувач, издавајќи 10 синглови и два албума со фанк, поп и диско, но неговите меѓународни аспирации беа загубени кога пропаднаа разговорите што ги водеше со директорите на неколку издавачки куќи во Лондон.

Последниот соло албум на Петровиќ, „Зора“ од 1984 година, „беше збогум-албум за музиката и за мојот претходен живот“. Тој ја напушти Југославија која забрзано почна да се дестабилизира, за да почне бизнис со челик на Кипар и на крајот се пресели во Марбела каде што купи локален фудбалски тим (иако песната „Рајд“, што ја создаде со неговата ќерка Ана Ен, стигна до Топ 40 во Обединетото Кралство во 2002 година). Тој сега соработува со виолончелистката Иаела Чело, за која се надева дека ќе настапи на „Промоутс“ следната година.

За другите, во раните 80-ти, се чувствуваше неизвесност во воздухот која предизвикуваше нешто друго-Нов Бран (Нови Талас), нов југословенски зачнат бран кој се свиреше според пост-панк трендовите и на експерименталната електроника, што беше поттикнато од сличните звуци во Британија. „Огромна експлозивна енергија и ново чувство за слобода“ кај младите луѓе во Белград, Загреб и Љубљана, велат Лука Новаковиќ и Вања Тодоровиќ, кои повторно го издадоа Петровиќ и други југословенски раритети, со нивниот „Диском“.

Напливот на бендови – како Хаустор и Боа од Загреб, Електрични Оргазам и Идоли од Белград и Видеосекс од Љубљана – добија мала популарност во меѓународниот музички печат како Мелоди Мејкер и НМЕ. Електронската музика, на почетокот, беше „целосно андерграунд“, велат сопствениците на Диском, а уметниците „бараа нови можности како да се изразат. Недостатокот на опрема, имаше само еден Roland TR-808 во Белград, ги натера музичарите да бидат што покреативни“.

Оваа 808 незаборавна ритам машина на раниот хип-хоп, електро и хаус им припаѓаше на двајца пионери на електрониката во Белград. Опремата беше скапа и тешко достапна, но Зоран Врачевиќ и Зоран Јевтиќ, пријатели од 14 години, чии музички животи целосно се сменија кога првпат ги слушнаа „Depeche Mode“ и „Soft Cell“ ја донесоа во градот.

„Штом слушнавме дека електрониката излегува во Обединетото Кралство, си помислив: морам да заборавам на вистинските тапани“, вели Врачевиќ. „Добив ритам машина, потоа стариот шестоаголен комплет Сименс, прв на Балканот. Одеднаш, тоа беше сосема нов свет“.

Тие наскоро го формираа Дата, електронско дуо, а подоцна ги собраа Бананарама и Мастер Скреч бенд, првата електро/хип-хоп група во Југославија. Тие патуваа во Лондон на секои неколку месеци за да се опремат со нова опрема, и бидејќи зборуваа англиски, преведуваа прирачници за други уметници и ги учеа своите современици како да ги користат инструментите. Ограничениот пристап создаде длабоко чувство за другарство во таа почетна електронска сцена. „Ако некој добие нешто ново, веднаш штом научи како да го користи, му беше давано на некој друг“, вели Врачевиќ. Кругот на музичари беше мал; околу 50 луѓе, сите присуствуваа едни кај други во живо и во домовите.

Врачевиќ и Јевтиќ немаа пристап до семплери и мораа да бидат инвентивни за да го постигнат својот звук. Бидејќи немаше компјутери како денес, пристапот беше макотрпен. „Луѓето мислеа дека повторувањето на звуците не може да се направи без семплер, но ние можевме“, вели Јевтиќ.

„Беше смешно; тоа беше неверојатно. Целиот тој пристап за направи сам беше поттик за креативноста затоа што ве тера да размислувате сосема поинаку. Не можевме да користиме претходно поставени „шаблони“ – зашто немаше претходно поставени „шаблони“!

Со опремата што ја носеа од Лондон, која во некои случаи чинеше повеќе од годишните плати на нивните родители, тие помогнаа да се снимат 20 албуми во периодот од 1981 до 1984 година. „Она што беше смешно, никој од нас не можеше да свири во тоа време“, вели Врачевиќ „Го имавме овој стар секвенсер Роланд MC4B. Немаше начин за внесување подесувања преку тастатурата – изгледаше како масивен калкулатор. На Зоран му читав многу броеви, како „24, 48, 96“ пет минути. Луѓето нè гледаа мислејќи
‘што се случува овде?’ Потоа притиска на плеј и слушаш како оди бас-линијата и тоа беше како: леле!“.

Објавените 5.000 примероци на Data EP брзо се распродадоа. Прифаќајќи го поттикот од овој домашен звук, луѓето излегоа од редиците во белградските клубови, а по кулминацијата што ја доживеаа од 1981-1985 година, Врачевиќ и Јевтиќ присуствуваа на три до четири свирки неделно за да ги проверат и другите уметници, како и во многу емисии.

Нивните песни беа собрани од локалните радио диџеи; едно списание спроведе конкурс за една од нивните емисии, примајќи десетици илјади пријави. Ако едно од нивните патувања во Лондон по „лов“ на винили не се претвори во децениски престој, како што се претвори поради вљубеноста во градот-можеби ќе станеа многу „големи и познати“, си ја поставува дилемата Јевтиќ. Наместо тоа, Врачевиќ започна да живее од ремикси за главните издавачки куќи, додека Јевтиќ стана графички дизајнер и илустратор.

Во меѓувреме, во Скопје, Македонија, уште една од неколкуте 808-ки во Југославија беше во сопственост на Кирил Џајковски, кој го формираше Бастион со пејачката Ана Костовска, текстописецот Милчо Манчевски и Љубомир Стојсављевиќ на бас. Групата едвај преживеа некое време, но нивното влијание беше силно почувствувано: Флора Питроло, која повторно го издаде LP на Бастион од 1984 година со нејзиниот печат од ACC Records во 2018 година, изданието го нарекува „брз скапоцен камен на еклектичен, експертски синтетичен бран-жанровски љубопитен, но втемелен во овој светол, гламурозен поп сензибилитет“.

Уште во средно училиште и со помош на неговите родители, Џајковски, кој денес е познат електронски композитор кој живее во Скопје по подолг престој во Австралија, се здобил со еден синтесазер, една ритам машина и еден касетофон со четири ленти.

„Тоа е сè со што морав да работам“, вели тој. „Но, еј, погоди што: тие беа класични парчиња опрема – ја имав 808-цата и Јупитер-4 Роланд сентизајзер. Немав секвенционери, па сето тоа се свиреше во живо на снимка кога снимавме“, вели Џајковски.

„Луѓето се збунети, Југославија никогаш не беше дел од Источниот блок“, продолжува тој. „Креативно, тоа беше навистина убав период. Во моите спомени, тие не се нарушени со политика или нешто слично“.

За разлика од често ограничувачкиот пристап на СССР кон културата, властите во Југославија во голема мера ги оставиаа своите музичари сами. Кога се случуваше цензурата беше посуптилно, се присеќава Петровиќ, додавајќи дека по еден коментар со кој ја предизвикал владата за загадувањето, неговите песни мистериозно „исчезнале“ од радиото.

Тито се раздели од Сталин во 1948 година, а во 1950-тите, Југославија го промовираше туризмот, што доведе до политика на отворени врати, нетипична за социјалистичките земји. Со тоа дојде културната размена, каде што влијанието на западната музика стана посилно (па дури и локалната Маријачи музичка сцена: Ју-Мекс). Ова беше двонасочно влијание: една од првите sвезди на Југославија, хрватот Иво Робиќ, чија оригинална верзија на „Странци во ноќта“ ѝ претходеше на онаа од Синатра, им помогна на Битлси да влезат во соработка со Тони Шеридан и Полидор.

Но, имаше идеолошки блокади на патиштата. „Југословенскиот-Мишел Арап“, Миха Краљ се бореше да го објави својот прв соло запис Андромеда, изненадувачки хит во 1980 година, поради неговите наводно религиозни теми, сè додека словенечкиот фолк-композитор Вилко Овсеник не ја препорача плочата на издавачката куќа РТБ-Белград.

„Врските беа сè“, рече Краљ, кој продолжува да компонира и планира повторно да ја издаде Андромеда, следната година. Подоцна, еден фестивал беше затворен од полицијата поради политиката против естаблишментот. „Ова беше приказна со горчлив вкус што никогаш нема да ја заборавам“, вели тој.

Овој вид репресија ќе се засили со конфликтот што надоаѓаше. Погледот на светот се сврте кон Југославија во 1991 година, кога започна да се одвива најбруталниот европски конфликт по Втората светска војна. Траејќи скоро една деценија, соседите се свртија еден кон друг, и терминот „етничко чистење“ за првпат влезе во англиската лексика. За музичарите, летните клубови во Хрватска, најдолгото крајбрежје на Југославија, беа затворени, но ова беше најмалата грижа за повеќето луѓе, а раните од војната сè уште се длабоки.

„Веднаш по независноста, клубовите покрај морето во Хрватска сè уште беа затворени“, вели Краљ. „Беше тешко за многу бендови и пејачи кои настапуваа на тераси и клубови во текот на летото“. Тој вели дека по десетдневната војна за независност на Словенија во 1991 година, повеќето места исто така избегнале да пуштаат југословенска балканска музика и дека културната носталгија се формирала дури подоцна, како што минувале годините.

Така, како и сегашното повторно откривање на попот од времето на Југославија, има и убави спомени за старата обединета земја во целина, која, според музичарите, го живееше своето мото за мир, братство и единство. Петровиќ вели дека животниот стандард бил толку добар што им кажал на американските пријатели дека калифорнискиот начин на живот, кој го афирмираа Бич Бојс, може полесно да се најде во Југославија. Јевтиќ додава: „Мајка ми беше од Хрватска, татко ми беше од Србија, но никогаш не се идентификувавме како тоа. Навистина е тешко за сите нас кои израснавме во Југославија и навистина се чувствуваме слободни. И знаејќи дека сега не постои, имаме носталгија за целата, не само за музиката“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …