Кузеска: Членство во ЕУ значи подобар животен стандард и силна економија, тоа е патриотизам

Кузеска: Членство во ЕУ значи подобар животен стандард и силна економија, тоа е патриотизам

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Во рацете на македонските пратеници е одговорноста за европска иднината на државата која значи економски напредок, поголем животен стандард, поголеми плати и подобри услови за бизнис.

Затоа и граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ, над 80% од нашите граѓани сакаат да бидеме дел од Унијата затоа што пред сѐ значи економски развој, повеќе пари за народот и подобар живот.

Изолацијата и неизвесноста, држењето на земјата надвор од ЕУ ќе има директна штета по економијата и стандардот на граѓаните.

ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач. Досега, ЕУ има инвестирано преку 3,3 милијарди евра од првиот ден на нашата независност.

Забрзувањето на европскиот процеси денеска за нашата економија и за нашиот народ ќе значи 11 пати поголема финансиска помош од фондовите по глава на жител утре.

Ние како држава досега имаме искористено околу една милијарда од ИПА фондовите, додека Хрватска како земја членка за 10 години има искористено дури 25 милијарди евра.

Тоа е разликата.

Дополнително, економиите на земјите кои станале членки на ЕУ во првите 5 години имаат исклучително позитивни стапки на економски раст.

Па така, по членството Словачка има раст на економската активност од 7,4%, Полска од 5,2% а Словенија околу 5%. Толку е голема економската моќ на Унијата.

Растот на платите на работниците пак во првите пет години по зачленувањето во ЕУ е огромен кај сите земји кои станале членки.

Во Романија, Чешка и Бугарија минималната плата пет години откако станале членки на ЕУ се зголемила за три пати. Просечната плата, исто како и минималната плата пораснала за три пати во сите овие земји.

Ова е директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за семејните буџети и подобар животен стандард која неминовно се случува.

Сето ова ДПМНЕ сака да го блокира, со што работи на директна штета на стандардот на народот.

Тоа ние нема да го дозволиме.

Патриотизмот денес значи да се обезбедат услови за повеќе пари за граѓаните, за компаниите, за европски стандарди, економски силна и развиена држава.

Економски патриотизам денеска значи одлуки кои ќе ја однесат земјата во ЕУ.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

СДСМ: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

Прес-конференција на Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола Волкот го менува …