Кузеска: Сериозно ја зголемивме транспарентноста, градиме институции отворени за граѓаните

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

По 11 годишната изолација на земјата, затворени институции и забранети за важни информации за јавноста, транспарентност и отчетност беше еден од главните приоритети на СДСМ.

Успешните политики кои ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев насочени кон зголемување на транспаретноста и отчетноста на институциите дадоа позитивни резултати.

Релеватните извештаи нотираат видлив напредок во активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините во државата.

Според извештајот за Индекс на активна транспарентност 2021 година, активната транспарентност оваа година бележи раст од 18% споредено со 2016 година, односно активната транспаретност оваа година изнесува 63%, за разлика од 2016 година кога била 45%.

Во делот на транспаретноста на општините, во извештајот е наведено дека за прв пат една општина има дури 100% активна транспарентност, подобрување е постигнато кај 51 општина, а се забележува и значително подобрување и кај транспаретноста на министерствата.

Активната транспарентност на Владата оваа година се искачи на 93,5%, со што влегува во групата „многу добра транспарентност“, за разлика од 2016 година кога Владата припаѓала на категоријата просечна транспарентност со ниски 25%.

Почитувани,

Високите рангирања во овој Извештај, но и во останатите меѓународни извештаи се вистинско признание за преземените мерки за зголемување на транспаретноста.

Во 2017 година Владата ги задолжи министерствата, сите органи кои одговараат пред Владата, а потоа и сите општини во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават потребните 22-документи и материјали согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, се креираше и портал за отворени податоци, на којшто институциите ги објавуваат податоците кои се во интерес на медиумите, бизнис заедницата, но и на сите граѓани.

За разлика од порано кога службените трошоци на функционерите беа тајна, денес сите договори за јавни набавки се објавени транспаретно.

Нема веќе тајни набавки, забранети цифри за објавување за народните пари кои ги трошат функционери. Секој граѓанин има право да знае, како и зошто се трошат народните пари.

Со иницијативата „Отворен трезор“ се отворија трезорските трансакции на национално и локано ниво, со што јаноста има директен увид во трошењето.

Почитувани,

СДСМ е партија која работи во интерес на граѓаните и државата. Транспарентноста и отчетноста во работењето ја зајакнуваат довербата на граѓаните во институциите. Како одговорна и државотворна партија продожуваме и натаму со конкретни мерки и политики кои дополнително ја зголемуваат транспаретноста, а со тоа и довербата на граѓаните.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ: Платформата е збир на нови лажни ветувања на ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ Платформата на ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот …