Ладен туш од Брисел - “нон пејпер“ за Македонија

Ладен туш од Брисел – “нон пејпер“ за Македонија

Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот на преговорите на Македонија за влез во Унијата. Забелешките во документот освен за Македонија, се однесуваат и на Албанија. Според наши извори зад негативниот документ, не стојат сите земји членки на ЕУ. Иако еврокомесарот Јоханес Хан го потенцираше јуни како датум за отпочнување на преговорите, во документот се наведува дека почеток на преговорите е можен идната година на пролет.

Ладен туш од Брисел - “нон пејпер“ за Македонија

„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.

Тие аргументираат дека Унијата мора да стане поцврста пред да стане поголема.

„ Како што од страна на Советот секоја година се потврдува во заклучоците за проширувањето: капацитетот на ЕУ, во сите свои димензии, да интегрира нови членки мора да се земе во предвид, пред да се донесат било какви одлуки во врска со проширувањето. Во Страгегијата објавена на 6. ти февруари, самата Комисија напиша дека нашата Унија мора да биде “посилна и поцврста, пред да стане поголема“.

Се наведува дека ЕУ во моментов минувала низ една доста чувствителна фаза на реформи, и мора да се заштити соодветно за да заживее проектот за овие земји еден ден да станат членки.

Извор: Либертас

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …