Лајчак: нацрт-планот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово содржи 11 точки

Лајчак: нацрт-планот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово содржи 11 точки

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак синоќа изјави дека германско-францускиот план во суштина е план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека содржи 11 поени. Тој за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека тие точки прво им биле презентирани на двете страни во септември, додека документот од декември вклучувал приговори од двете страни на првиот нацрт на планот. Запрашан колку се разликува последниот нацрт на планот во однос на првиот, Лајчак рече дека текстовите презентирани во медиумите не се точни и дека, како што рече, се „измислени од одредени луѓе“.

Јасно кажавме „дека филозофијата на предлогот не мора да се менува, бидејќи филозофијата е направена со најдобро разбирање за тоа како да се постигне нормализација“, рече тој, додавајќи дека се почитувани дел од коментарите на двете страни и, како што рече, „оние кои не ја менуваат филозофијата на текстот“. „И ова е многу важно, тоа е секако дискусија, тоа беше наша дискусија особено со владата на Косово и претседателот на Србија, а нашата цел е да ги доведеме и двајцата во иста просторија и да договориме план“, изјави Лајчак, кој изрази уверување дека Косово и Србија да го прифатат планот и да го потпишат. Тој рече и дека претставниците на ЕУ и САД не доаѓаат со закани или ултиматуми, бидејќи, како што нагласи, целта е нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Михалис Рокас е номиниран од Борел за амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, на местото …