На главниот плоштад во украинскиот град Лавов, денеска биле поставени 109 празни колички за 109-те убиени деца од почетокот на руската инвазија.
„Празните колички ги симболизираат животите на малите ангели. Тие сега го бранат украинското небо, наместо тоа да го прават одлучните потези на светот. Ова е ужасната цена на војната којашто денеска ја плаќа Украина. Ги повикуваме сите возрасни ширум светот да застанат во единствен штит за да ги заштитат украинските деца и да им овозможат иднина. Повикајте ги владите на другите земји итно да го затворат небото над Украина“, напиша на Твитер градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј.