Лазаревски: Целиот свет ја слушна детонацијата на бомбите во Македонија

Лазаревски: Целиот свет ја слушна детонацијата на бомбите во Македонија

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во УБК кои го открија скандалот со прислушувањето во Македонија, во Приштина денеска добија „Награда за слобода на говорот“.

Наградата во име Костовски ја подигна Лазаревски и рече дека е горд затоа што заедно со неговиот колега ја добиле наградата, како признание за укажувачи во скандалот со прислушувањето. Доказите кои ги обезбедивме покажаа дека корупцијата е е главен извор на моќта во едно автократско општество, рече Лазаревски.

„Можевме да избереме: Да игнорираме или да бориме. Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор“, рече Лазаревски по добивањето на наградата. „Можевме да ја проголтаме слатката таблетка која ќе ни ја затвореше устата, или да ја проголтаме горчливата, кое можеше да нè убие, но да го излекува општеството“, рече Лазаревски. Тој изјави дека е среќен што луѓето по бомбите, се гласни на секој обид за манипулација.

„Целиот свет ја слушна детонацијата на бомбите во Македонија. Резултатот што го постигнавме беше над нашите најоптимистички очекувања“, изјави Лазаревски. Тој додаде дека слободата на говор оди заедно, со укажувањето. Ако го нема едното од нив, нема ниедно. „Ми недостасува Звонко Костовски, но знам дека е горд колку што сум и јас“, изјави укажувачот од УБК, кој го откри скандалот со прислушувањето.

Лазаревски и Костовски како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, три години работеле со цел да го документираат нелегалното прислушување на над 20.000 бизнисмени, активисти, новинари и други политички неистомисленици на минатата власт. Објавувањето на дел од прислушуваните разговори во 2015 година резултираше со нови избори во 2016 и формирање нова влада во 2017 година. Покрај тоа, разговорите беа докази за обвиненија на СЈО за стотици физички и правни лица.

„Наградата на слободата на говорот“ е годишно признание кое се доделува од страна на Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа и Европскиот центар за заштита на правата на свиркачите. Двете организации соработуваат со локални активисти и новинари во Косово за да го организираат Меѓународниот ден на свиркачите и Неделата за слобода на говорот во Koсово од 19 до 24 март. (А1он)

Објавено во „Слободен печат“

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …