Лажниот син на Здравко Чолиќ и лекот за рак со сода бикарбона меѓу 20 најголеми дезинформации во БиХ во 2019

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Босанско-херцеговскиот сервис за борба против дезинформациите „raskrinkavanje.ba“ подготви осврт на најголемите дезинформации и лажни вести пласирани од медиумите во Босна и Херцеговина во 2019 година.

Убедливо на првото место на списокот од 20 дезинформации е сатирична статија што првпат била објавена во јануари 2018 со напомена дека станува збор за шега, но во 2019 година била пренесувана на многу портали како вистината, а се однесува на популарниот поп-пејач Здравко Чолиќ. Станува збор за текстот со наслов „Здравко Чолиќ по 52 години одлучи да го признае Амир Казиќ Лео“, кој бил објавен на сатиричниот портал „Сатирање“, а мноштвото медиуми што го презеле, го пласирале текстот како вистинска вест.

Втора најчитана анализа на „raskrinkavanje.ba“ била онаа со која се посочувале невистините во „текстовите“ за сода бикарбона како чудесен лек против рак, кој наводно бил патентиран од италијански лекар. „Но ниеден од текстовите во медиумите не ги изнесува фактите за италијанскиот лекар кој поради ваквото лекување ја загубил лекарската лиценца и неодамна е осуден на пет и пол години затвор поради несовесна лекарска практика и убиство на пациент“, пишува босанскиот сервис за проверка на фактите.

Меѓу најчитаните се најде и разоткривањето на дезинформацијата дека името на Црниот петок, односно првиот петок во ноември во кој се делат огромни попусти од страна на трговците, потекнува од времето кога во САД било легално робовладетелството, а дезинформаторите тврдеа дека пазарите за робови се одржувале во петоците, па оттаму и името. Но, „raskrinkavanje.bа“ во својата анализа покажа дека тоа нема врска со вистината.

Останатите од 20-те најголеми дезинформации во БиХ што биле побиени од страна на босанскиот сервис за борба против дезинформации може да ги прочитате тука.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …