Лекарот на Диего Марадона тврди дека е невин

Лекарот на Диего Марадона тврди дека е невин

Против лекарот на починатата аргентинска фудбалска икона, Диего Марадона обвинителството започна истрага за убиство од небрежност.

Надлежното обвиителство од Сан Исидро, во близина на престолнината Буенос Аирес, ги потврди медиумските извештаи за почеток на истрага против Леополдо Луке, личниот лекар на Диего Марадона, поради постоење сомнеж за убиство од небрежност. Лекарот кратко потоа ги отфрли овие обвинувања.

Во рамките на истрагата вчера е извршен претрес во приватните простории и ординацијата на Луке. Истражителите сакале да најдат докази за евентуални пропусти во терапијата на 60-годишниот фудбалер. Три ќерки на Марадона се обратиле до властите барајќи проверка на лековите кои ги примал нивниот татко во изминатите месеци и по операцијата на мозокот.

Луке на почетокот на месецов го оперираше Марадона во клиника во Ла Плата за да спречи крварење во мозокот поради хематом, првично операцијата поминала успешно. Осум дена по оперативниот зафат фудбалскиот великан беше отпуштен од болницата. Две недели подоцна, во средата Марадона почина, според официјални наоди, од инфаркт.

Лекарот негира постоење грешки во третманот на својот проминентен пациент. „Јас не сум одговорен за она што се случи. До последниот момент го правев она што беше најдобро за него. Не постои лекарска грешка, кај пациент со неговите симптоми инфаркт како причина за смртта е нешто најнормално”, изјави Луке неколку часа по претресот на прес-конференција пред својата куќа.

Обвинителството во меѓувреме соопшти дека започнало со анализа на собраниот материјал. „Нашата истрага е во тек, разговараме со сведоци, вклучувајќи ги членовите на семејството”, соопштија од обвинителството, истакнувајќи – не е донесена никаква одлука за апсење на некое лице.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …