лекари

Лекарска комора покрена постапка пред Судот на честа за докторите од Охридската болница

Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, бидејќи не му овозможиле здравствена заштита на пациентот Мавлуле Ибрахими, од стришкото село Татеши, која со симптоми на Ковид – 19 побарала здравствени услуги.

Како што се наведува во соопштението на Комората, докторите постапиле несоодветно и несовесно, со што го нарушиле угледот и достоинството на лекарската професија, како и моралните принципи и неопходна хуманост и предаденост кон вршење на медицинскиот повик и дисциплина во извршување на лекарската професија.

„Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања, вчера на вонредна седница расправаше за етичкиот аспект на однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид. Согласно законските прописи и подзаконските акти, донесе одлука со која се осудува постапката на докторите за неукажување на медицинска помош на пациент со симптоми на Ковод–19 кој се обратил во болницата за помош. Покрената е иницијатива за поведување на постапка пред Судот на честа, при Лекарската комора, кој треба да расправа за одговорноста на докторите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија“, стои во соопштението на Лекарската комора.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …