Мицкоски

Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

Во време на предизборната кампања за локалните избори, од 13 септември до 12 октомври најмногу платени реклами на Фејсбук имале политичката партија Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави Рефлектор.

Левица во тој период потрошила 8.353 евра, Мицкоски 7.068 евра само за рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук.

Следен на листата е претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, но со речиси двојно помалку потршени пари – 3.743 евра, по што следува актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, со 3.631 евра, по што следува партијата ВМРО-ДПМНЕ, со 3.171 евро. Следен на листата е повторно кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, со 2.967 евра. Севкупно земено, Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и партијата ВМРО-ДПМНЕ заедно потрошиле 13.206 евра за реклами на Фејсбук.

По Муцунски, на листата е Невзат Бејта, кандидат на ДУИ за градоначалник на Гостивар, со 2.839 евра. Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, потрошил 2.702 евра, и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Иван Јорданов, потрошил 2.436 евра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …