Лидерите на Косово и Србија на средба во Белата куќа на 4 септември

Лидерите на Косово и Србија на средба во Белата куќа на 4 септември

Лидерите на Косово и Србија ќе се состанат во Белата куќа на 4 септември, откако слична средба беше откажана во јуни по обвинението на косовскиот претседател Хашим Тачи за воени злосторства. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О. Брајан ќе биде домаќин на разговорите со специјалниот претставник на САД за преговорите за Србија и Косово, Ричард Гренел.

Премиерот на Косово, Авдула Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, потврдија во август дека ќе се состанат во Белата куќа на 2 септември, откако Гренел ја објави веста за состанокот. Разговорите потоа беа одложени за два дена поради неусогласенот во датумот.

„Соединетите држави со нетрпение ги очекуваат овие важни дискусии со претседателот Вучиќ и премиерот Хоти“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Улиот, за балканскиот сервис на РСЕ.

Тој порача и дека верува оти напредокот во економски прашања, вклучително и создавање работни места и забрзување економскиот раст е првиот чекор во унапредувањето на мировниот процес.

Косово и Србија кои се стремат да станат членки на ЕУ се соочија со притисок од западот за обнова на преговорите. Вашингтон ја засили својата вклученост во преговорите меѓу двете земји, минатата година, паралелно со процесот што трае скоро една деценија со посредство на ЕУ за нормализација на нивните односи.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Колкави се размерите на израелско-либанскиот конфликт

Колкави се размерите на израелско-либанскиот конфликт

Израел врши воздушни напади и копнена инвазија – колкав е бројот на напади, кои области …