Лидерката на крајната десница, Џорџа Мелони, победи на изборите во Италија

Лидерката на крајната десница, Џорџа Мелони, победи на изборите во Италија

Џорџа Мелони, лидерката на крајната десница во Италија, прогласи победа на вчерашните парламентарни избори во земјата. Таа се очекува да биде првата жена премиерка во историсјата на земјата. Ќе треба да ја формира најдесничарската влада уште од Втората светска војна, пренесе Би-би-си.

Мелони и нејзината партија „Браќа на Италија“ освоија најмногу гласови, а таа кажа дека „ќе владее во интерес на граѓаните, и нема да ја изневери довербата на народот“.

„Со дадениот мандат да ја водиме нацијата, тоа ќе го правиме  во интерес на сите Италијанци, со цел да го обединиме народот, да го форсираме заедништвото, а не поделбите, довербата на избирачите нема да биде злоупотребена“, изјави Мелони.

„Браќа на Италија“ освои 26 отсто од гласовите, додека Демократската партија заврши на второто место. Но, десничарската алијанса на Мелони, во која се „Лига“ на Матео Салвини и „Форца Италија“ на Силвио Берлускони, ќе има контрола на парламентот со вкупно 44 отсто гласови.

Драматичниот успех на нејзината партија во гласањето го прикрива фактот дека нејзините сојузници имаа слаби резултати, при што партијата на Салвини падна под 9 отсто, а Форца Италија уште пониско. Пред четири години, Браќата на Италија освоија малку повеќе од 4 отсто од гласовите, но овој пат имаа корист од тоа што останаа надвор од владата на национално единство која пропадна во јули.

Одлуката за тоа кој ќе биде иден лидер на Италија е на претседателот Серџо Матарела, а за тоа ќе биде потребно време.

Иако Џорџија Мелони работеше напорно за да го ублажи својот имиџ, нагласувајќи ја нејзината поддршка за Украина и разблажувајќи ја анти-ЕУ реториката, таа ја предводи партијата вкоренета во повоеното движење што се појави од фашистите на диктаторот Бенито Мусолини.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …