Лидерска средба за името ќе има, но во термин кој на сите им одговара

Лидерска средба за името ќе има, но во термин кој на сите им одговара

Лидерска средба ќе се одржи во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби. Додека се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат за МИА од Владата во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна лидерска средба за преговорите за името.

– Владата на Република Македонија како и секогаш досега кога има значаен развој во текот на преговорите за проблемот кој го има Република Грција со нашето уставно име, навремено и целосно ги информира сите засегнати политички субјекти. Истовремено, транспарентно и одговорно ја информира и јавноста, односно граѓаните – наведуваат од Владата.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера на прес-конференција рече дека бараат итна лидерска средба, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името.

По средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, близу до Атина, посредникот во преговорите Метју Нимиц рече дека разговорите биле сериозни, со позитивни моменти.

Министрите за надворешни работи треба да ги информираат своите премиери пред самитот во Софија каде што двајцата премиери ќе имаат средба на 17 мај.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …