Литванија: Борбени авиони на НАТО собориле дрон

Литванија: Борбени авиони на НАТО собориле дрон

Борбени авиони на НАТО над Литванија соборија дрон, соопштија литванските власти. „Им благодарам на силите на Алијансата за нивната брза реакција“, напиша претседателот Гитанас Науседа на социјалната мрежа X.

Според Министерството за одбрана во Вилнус, беспилотното летало било соборено кратко по полноќ од италијански борбени авиони Еурофајтер. Властите засега не објавија поточни информации за потеклото и типот на дронот.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа дава интервју за Дојче Веле. Пред него стои микрофон со логото ДВ.
Гитанас Науседа му се заблагодари на воениот сојуз за неговиот„брз одговор“Фотографија: Jouni Porsanger/Lehtikuva/REUTERS

Според Центарот за управување со кризи, дронот бил соборен над рурална област во близина на селото Праткунаи, кое се наоѓа околу 50 километри југоисточно од вториот по големина град во земјата, Каунас.

„Засилена руска агресија“

„Со оглед на сè поизразената руска агресија против Украина, оваа подготвеност е од клучно значење за нашиот регион. Заедно со нашите сојузници во НАТО, Литванија ќе го брани својот воздушен простор“, изјави претседателот Науседа.

Литванија граничи со руската балтичка енклава Калининград, како и со Белорусија, сојузник на Русија. По руската инвазија врз Украина, земјата се чувствува особено загрозена.

Според литванската влада, воениот разузнавачки сервис на земјата располага со информации дека Русија би можела да размислува за напади врз критична инфраструктура во балтичките држави.

Во меѓувреме, Бундесверот е во процес на формирање германска тенковска бригада во Литванија. Оваа борбена единица, која треба да биде целосно оперативна и способна за самостојно дејствување, ќе брои околу 4.800 војници и се очекува да биде подготвена за распоредување до 2027 година.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра економистката Јустина Широка Пула за претседател на земјата – функција …