Локалните избори во Хрватска ги донесоа новите политички опции како победници

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и опозициската Социјалдемократска партија на вчерашните локални избори во Хрватска доживеаја пораз во неколку поголеми градови низ земјата. Во Загреб, победник на изборите со освоени 45,15 отсто од гласовите е Томислав Томашевиќ од зелено-левата коалиција предводена од платформата „Можеме!“. Во вториот круг од изборите, тој ќе се натпреварува со Мирослав Шкоро од десничарскиот „Домовински покрет“ кој освои 12,16 отсто од гласовите. Кандидатите од партијата на неодамна починатиот загрепски градоначалник Милан Бандиќ, како и оние на ХДЗ и СДП, доживеаја пораз.

И во Сплит, во првиот круг од изборите победи кандидатот на партијата „Центар“ Ивица Пуљак со освоени 26,82 отсто од гласовите, при што зад себе го остави кандидатот на ХДЗ Вице Михановиќ. Жељко Керум не успеа да влезе во вториот круг на изборите во Сплит, јавува Индекс.хр.

Во другите поголеми градови низ Хрватска, во Ријека очекувано победи Социјалдемократската партија и нивниот кандидат Марко Филиповиќ со освоени 30,25 отсто од гласовите. Во првиот круг од изборите во Осијек победи кандидатот на ХДЗ Иван Радиќ. Изненадувачки резултат носи Вуковар, каде кандидатот на ХДЗ изгуби во првиот круг од Иван Пенава, кој иако е кандидат од група избирачи, за него гласаа 43,80 отсто од излезените гласачи на изборите.

Одзивот на вчерашните локални избори во Хрватска бил околу 35,5 отсто, додека објавените резултати покажуваат дека во најголем дел од поголемите градови ќе мора да се одржи втор круг на гласање за избор на градоначалник. Хрватските граѓани вчера гласаа и за новите претставници во градските и општинските совети, за парламентите на жупаниите, началници на општините и за жупани.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …